Имплементацијата на Законот за дигитални пазари (DMA) продолжува со Apple

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Оваа недела во Европа ќе ја одбележи почетокот на новата фаза на Законот за дигитални пазари во која компаниите вратари (gatekeeper) ќе се обратат пред Европската комисија. Официјално периодот во кој вратарите можеа без казна да ги прилагодат сервисите заврши на седми март. Сега компаниите ќе треба да покажат дека направиле доволно промени за да ги исполнат условите на DMA во Европа. Денес првото обраќање на компаниите „вратари“ пред Европската комисија го имаше Apple.

Обраќањето на Apple пред Европската комисија веројатно е и  најинтересно, со оглед на тоа дека компанијата беше и критикувана дека не прави доволно. Дополнително, Spotify и Epic Games ja критикуваат компанијата дека го саботира целиот процес.

Еко-системите на Apple и по промените остануваат најзатворените. Сепак, претставниците велат дека во целост ги исполнуваат барањата кои ги наметнува Законот за дигитални пазари.

„Прво и најважно, бевме водени од тоа да обезбедиме согласност со законот. Второ, го направивме на начин кој е во согласност со нашите вредности, и на јазик кој многу долг временски период го развиваме со нашите корисници. Сметаме дека го постигнавме тоа.“,

Мислам дека сме фокусирани на усогласувањето од корисничка перспектива. Ова не значи дека не сме фокусирани на влијанието врз девелоперите, но мислам дека од наша перспектива прво и основно, внимателно ќе следиме какво е влијанието на сите овие различни промени врз корисничкото искуство што им го испорачуваме на нашите клиенти 15, 16 години преку iPhone.“,  рече адвокатот на Apple, Кајл Андер на сослушувањето.

Во последните неколку недели можевме да слушнеме повеќе за промените кои ги прави Apple. Компанијата навистина направи значителни поместувања во однос на ситуацијата пред воведувањето на DMA. Apple сега овозможува додавање на алтернативни продавници за апликации, алтернативни методи на плаќање, користење на Apple NFC технологија. Ова беше незамисливо пред неколку години. Иако Apple ги исполни условите промените не ги направи доброволно. Доволен показател за тоа е дека ако корисникот неколку месеци е надвор од Европа, овие промени ќе се вратат назад како за остатокот на светот.

По Apple свое обраќање пред комисијата ќе имаат и останатите компании. Веќе утре пред Комисијата ќе зборува претставникот на Meta, па следат Amazon, Alphabet и ByteDance до крајот на оваа недела. Презентациите завршуваат следниот вторник со обраќањето на Microsoft.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
kirev
kirev
5 months ago

За да нема забуна – само кога ЕУ ќе стане држава тогаш ќе има закони. За потсетување – https://en.wikipedia.org/wiki/Treaty_establishing_a_Constitution_for_Europe пропадна. Така што сепак прописите мора и ќе се викаат поинаку. Не постои ниеден ЕУ ЗАКОН. Сите се некакви регулативи, акти, … Уште повеќе насловот на регулативата е Act.. и http://drmj.eu/ensearch/act не вика дека превод на Act е закон ниту пак обратно http://drmj.eu/search/закон

види ги сите огласи на kariera.it.mk