Спонзориран текст

Интервју со Игор Јошевски, Technology Line Manager во Сеавус: Најновите трендови, предизвици и практики во Frontend технологијата

Спонзорирано од Seavus

во ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, на 19 мај во својата канцеларија во Ниш, ќе одржи хибриден настан во вид на експертски панел. Настанот ќе биде пренесуван и онлајн, а ќе биде посветен на Front-end технологиите. Експертите на Сеавус за Front-end, на панелот ќе дискутираат за трендовите, најдобрите практики и идеите, а преку техничко и практично знаење и примери, учесниците ќе можат да научат за новите Front-end технологии и како да ги подобрат своите вештини.

Во денешно време, работните места за Front-end програмери се едни од најбараните позиции во ИТ-индустријата. Развојот на Front-end се менува толку брзо што може да биде предизвик да се остане во чекор со новите трендови. Поради тоа, од суштинско значење е да се остане информиран за најновите програмски јазици, рамки и технологии.

Учесници на панелот се експертите на Сеавус, Игор Јошевски – Technology Line Manager и Мирослав Ериќ – Technical Lead for Front-еnd.

За настанот и за одговорностите што ги носи позицијата Technology Line Manager во голема компанија како Сеавус, разговараме со Игор Јошевски, кој работи и како обучувач и ментор на Академијата за Front-End во рамките на Сеавус Едукативниот и Развоен Центар (SEDC).

 

Кажи нѝ нешто повеќе за тебе? Како започна твојата приказна во Сеавус и како се одвиваше развојот на твојата кариера?

Нешто за мене… мислам дека најдобро ме отсликува терминот “ентузијаст за технологија”, секогаш заинтересиран за она што е ново во научниот свет, а посебно во светот на електрониката / компјутерите. Мојата кариера во Сеавус започна уште во 2013 година на многу интересен проект од сферата на финансии во соработка со тим од САД. Како што изминуваше времето, имав можност да работам на повеќе различни проекти / апликации што се користат и ден денес од милиони корисници ширум светот, додека паралелно имав можност за кариерен развој преку изучување нови вештини, “frameworks”, и усовршување на техничките знаења. Низ самиот кариерен развој поминав неколку нивоа што со себе носат различни обврски и предизвици, за да последните скоро 5 години работам на позицијата Technology Line Manager, за што морам да ги пофалам моите колеги кои несебично даваат помош и се грижат за напредокот на луѓето во Сеавус преку различни програми и тренинзи.

Што всушност претставува Technology Line Manager? Како изгледа еден твој работен ден?

Technology Line Manager во суштина е лице одговорно за една технолошка линија, во мојот случај Frontend технолошката линија – или подобро кажано сите луѓе кои работат со JavaScript во Сеавус. Секој работен ден е различна приказна, но сумирано би било – преглед на тековните активности на проектите каде што имаме frontend програмери, мониторинг на квалитетот на креираниот код, давање насоки за подобрување на постоечки код или планирање на архитектура на проект, итн. Анализа на нови потенцијални проекти, дефинирање на технички профили и тим што би работел на истите, правење организациски план за проектот и фазите на изработка. И секако, редовна комуникација со вработените од технолошката линија, каде што споделуваме различни информации околу тековните активности, но исто така планирање на активности за иднина што се поврзани со работата на проектот, и нивниот кариерен развој.

Кои се актуелните трендови во светот на Front-end и кои се технологиите на кои треба да се фокусираат сите кои се заинтересирани за Front–end кариера? 

Frontend е “свет” што се менува често и е многу динамичен, а сето тоа се случува за првенствено да се обезбеди што подобар кориснички интерфејс за крајните корисници, но и да се поедностави процесот на креирање на апликации и да се намали времето потребно да се направат истите. Она што е интересно е и новиот тренд што набрзо зазема голем замав, “Metaverse” кој што се очекува низ годините, комплетно да го промени начинот како користиме интернет. Иако е во рана фаза, веќе започна да го менува и самиот frontend development со тоа што се воведуваат нови алатки и библиотеки што треба да го помогнат, но и поттикнат самиот развој на 3D апликации. Со цел да се запазат измените што доаѓаат од новите трендови, фокусот полека се менува од “кој framework или библиотека ќе се користи” во тоа како подобро да се направи конекција во реално време (websockets) помеѓу корисничкиот интерфејс и backend делот од апликацијата, како да се направи апликација која е перформантна и се вчитува брзо, а притоа е потполно функционална, побогат кориснички интерфејс кој вклучува повеќе видеа, 2D/3D визуелизација, итн.

Какви вештини треба да поседува еден добар и квалитетен FE девелопер денес?

Би започнал прво од грешката што ја прават повеќето нови програмери, а тоа е директно изучување на некој од популарните библиотеки пред воопшто да ја научат основата на јазикот JavaScript – народно кажано би било како „градење куќа почнувајќи од кровот“. Во контекст на квалитетот, секако прво е потребно добро познавање на самиот јазик, затоа што денес најголем дел од програмирањето на frontend е фокусирано во делот на JavaScript, потоа одлично познавање на неизбежните HTML и CSS кои се почеток на сѐ што ќе се прави понатаму. Потоа следат preprocessors како LESS/Sass/Scss со кои пишувањето на CSS се поедноставува и е многу попрактично. Секако, TypeScript со кој се подобрува квалитетот, но и искористливоста на кодот. Пратење на новостите што доаѓаат со ECMAScript кои се во контекст на подобрување на самиот JavaScript и функционалностите што ги нуди, но и воведување на новини во самиот јазик.

Kажи нѝ нешто повеќе за програмата на Front-end академијата при SEDC и твоето менторство таму. Кои се бенефитите и можностите за вработување на кандидатите кои ќе се запишат на Академијата?

Frontend академијата при SEDC е програма која успешно се реализира веќе трета година, при што на истата фокусот е ставен кон JavaScript програмскиот јазик и сите најкористени алатки од иститот. Тука покрај основите на самиот JavaScript, студентите имаат можност да навлезат многу подлабоко и да изучат повеќе, не само околу самиот JavaScript, туку и да ги изучат React и Angular како едни од најкористените во frontend светот, но исто така да изучуваат за fullstack програмирање со користење и учење на NodeJS и PSQL / MongoDB бази на податоци, со што би го опфатиле целиот циклус за изработка на апликација. Составен дел на програмата е и самиот ALM процес што ги наведува студентите да размислуваат како да анализираат технички барања, како да постават почетна архитектура за апликацијата, кои ресурси ќе ги користат, итн., со што имаат и реална можност изучените вештини и знаења да ги применат на клиентски проекти во склоп на самата академија, каде што изработуваат комплетни апликации за македонски и странски компании.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Seavus. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk