Спонзориран текст

Интервју со директорот за технолошки развој на компанијата IT Labs, Илија Мишов

Спонзорирано од IT Labs

во Интервјуа, ИТ.МК, Софтвер, Спонзорирани

Microsoft Визиjа: Reloaded e  конференцијата во организација на Microsoft Македонија на која се собраа на едно место повеќе од 300 бизнис-лидери, одлучувачи, ИТ-професионалци и партнери од земјава и пошироко. По тој повод следи интервју на тема „.NET Core & Docker“ со нивниот ексклузивен партнер IT Labs, директор за технолошки развој на компанијата, Илија Мишов.

Од каде потребата да се земе директно учество на Мајкрософт Визија конференцијата, која веќе со години е најважниот настан во ИТ-индустријата, а од годинава и најголемиот настан кој ја поврзува ИТ со бизнис-секторот, со образовниот и со јавниот сектор?

Илија Мишов: Ние како IT Labs сме присутни на повеќе конференции ширум светов и секако дека Мајкрософт Визија конференцијата,  што се одржува во Македонија е од големо значење за нас, а и за повеќето Македонски ИТ компании. Како и со секоја ИТ конференција, така и со Мајкрософт Визија се очекува да се видат најновите збиднувања во  светот на индустријата, а особено во делот за развој на софтвер. Мајкрософт како компанија е лидер во понудата на развојни софтверски алатки и разни други решенија. Од друга страна пак, ние во IT Labs, како компанија која ги извезува своите услуги во западните земји и пошироко, мораме постојано да го следиме последните технолошки иновации за да ја задржиме нашата компетитивност. Мајкрософт Визија беше добра можност, на која успеавме да ги покажеме новите технологии и да ги споделиме нашите знаења.

microsoft-vizija-it-labs-2

Темата за која имавте излагање е „.NET Core & Docker“ во насока на иновативни продукти и стекнати искуства во областа на која работите. Колку е важно сето тоа за IT секторот?

Илија Мишов: .NET Core е нова платформа за развој на апликации во која се програмира веќе познатиот C# програмски јазик. Новината на .NET Core платформата, за разлика од скоро сите досегашни решенија на Мајкрософт, е што може да се хостира и на сервери со Linux оперативен систем. Новиот концепт на .NET Core платформата, а и со самото тоа што може да се хостира на Linux оперативен систем, нуди доста поголеми перформанси од веќе постоечката верзија на .NET framework.

Docker, од друга страна пак, се наоѓа веќе неколку години на пазарот, не е нешто ново, меѓутоа за жал многу малку се користи во Македонија. Една од причините за тоа е што Windows оперативните системи имаа послаба подршка за Docker. Со самата можност .NET Core да работи под Linux и прилагодувањето на Docker кон Windows, и обратно, Docker како технологија практично исплива на површината и во светот на Мајкрософт.

Да се надгради постоечкото .Net во .Net Core, кои се начините да се развива?

Илија Мишов: Искрено, нашата пракса покажа дека не е препорачливо да се надгради, односно да се преправи, постоечко .NET решение во .NET Core, од проста причина што имате веќе нешто што работи и не би било соодветно тоа да го уништувате само со цел да го запазите трендот во технологијата. Од друга страна пак, доколку сте на почеток со развој на некое решение или почнувате нешто ново, тогаш топло го препорачувам .NET Core. Кривата на учење е поприлично мала, особено ако имате и искуство со некои други технологии како Node.js на пример.

microsoft-vizija-it-labs-4

Кои се предностите на Docker?

Илија Мишов: Docker е всушност сервис на контејнери и како таков не е ни прв ни единствен во својата област, меѓутоа во моментов е најзастапен и доста добро прилагоден за користење. Во основа можеме да го гледаме слично на виртуелните машини, обезбедува изолација на контејнерите едни од други како и од основниот оперативен систем, меѓутоа за разлика од виртуелните машини, Docker контејнерите ги делат помеѓу себе ресурсите на машината и менаџментот на процесите. Docker сам по себе има повеќе предности во однос на виртуелните машини. Прво зафаќа многу помалку простор и ресурси. Потоа, за да подигнете еден Docker контејнер потребни ви се само неколку секунди за разлика од виртуелните машини каде ако вклучиме и инсталација на оперативниот систем, потребни ќе ви бидат најмалку половина час. И на крај, скоро се што ви е потребно можете да го најдете на hub.docker.com. Секој повеќе или помалку сериозен производител на софтвер, бази на податоци или други решенија ги има поставено своите продукти таму и можете да ги ставите во продукција за неколку минути.

microsoft-vizija-it-labs-5

Преку кои програми на Windows може да се хостира и на кој начин?

Илија Мишов: Docker иницијално беше изграден да работи во рамките на Linux оперативниот систем без никаков помошен софтвер, а Windows влезе малку покасно во таа игра. Денес, при инсталација на Docker на Windows 7 потребно е да се инсталира и Virtual Box, за Windows 10 веќе може да работи под Hyper-V, а во Windows Server 2016 е подржан од основниот оперативен систем и не му е потребен никаков помошен софтвер.

Да сублимираме, кои се вашите препораки за да се користи .Net Core и Docker?

Илија Мишов: Според мене .NET Core и Docker се одлична комбинација, особено за во Македонија каде добар дел од развојот сеуште се работи во Microsoft .NET основната верзија. Сепак, .NET Core е сеуште во рана фаза и одреден сет од функционалности сеуште нема во себе, како на пример процесирање и обработка на слики. Од друга страна кодот на .NET Core е јавно отворен, и на тој начин секој што е заинтересиран може да допринесе во неговиот развој. .NET Core во комбинација со Docker овозможува лесно аплицирање на модерните софтверски архитектурни решенија и одлично се вклопуваат во пазарот на cloud решенијата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на IT Labs . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk