Технолошки иновации на Олимписките игри во Париз 2024

во Вести

По многу неуспешни апликации за град домаќин, Летните Олимписки игри конечно во 2024 година се одржуваат во Париз. Организацијата доаѓа 100 години откако градот последен пат беше домаќин на Олимписките игри во 1924 година.

За францускиот телевизиски сервис ова е одлична можност за тестирање нови технологии и за иновации во повеќе области. Вообичаено Францускиот национален телевизиски сервис тестира нова технологија за пренос во живо на тенискиот турнир Ролан Гарос или на Тур де Франс. Сепак, Олимписките игри се значително поголем предизвик.

Олимпискиот бродкастинг сервис (OBS) е носител на правото за пренос на Олимписките игри, а  Францускиот национален телевизиски сервис и националниот носител на правата, France TV сака да ја искористи близината и постоечките ресурси за максимизирање на иновациските придобивки.

Пренос на патувањето на олимпискиот оган

Олимписките игри започнуваат со штафетата на олимпискиот оган. Покривањето на патувањето на олимпискиот пламен e една од можностите за тестирање на нови технологии во преносот. Преносот на движењето на огнот наликува на преносна Тур де Франс, но со значително помал буџет. Поради ова, но и поради обврските на Парискиот климатски договор за намалување на емисијата на CO2 не може да се искористи ист пристап.

Image courtesy of Pixabay

France TV започна да работи на продукција во облак и поврзаност. Тестовите завршија точно една година пред почетокот на Олимпијадата, а клучно за обезбедување на поголема мобилност се 4G/5G мрежата во комбинација со сателитскиот интернет на Starlink.Овој пристап овозможува хипермобилност, дозволувајќи на тимот да оди секаде, поблиску до публиката и настаните, колку што е можно побрзо.

Преносот на патувањето на Олимпискиот оган е целосно облак решение, од промена на камери и аудио микс, до графиката на екранот и коментаторот. Сите камери со кои се следи настанот се поврзани и синхронизирани преку TVU ONE уред. Ова не само што овозможува автоматско синхронизирање на камерите, туку може да се додаваат камери кога тоа е потребно.

Продукцијата се прави од седиштето на France TV каде се сместени сите режисери, техничари, новинари и софтверот за TVU платформата за видео стрим. За потребите за пренос на Олимписките игри TVU изработи адаптирано решение кое им овозможи на техничарите и режисерите да комуницираат со опремата на која се навикнати, олеснувајќи ја адаптацијата на нови работни процеси и уреди.

Приватна 5G мрежа, Starlink и iPhone

Автомобилот што го следи факелот е опремен со 5G антена што создава зона на покриеност околу носителот на факелот, движејќи се со нив. Оваа е мобилна приватна 5G мрежа која е поврзана со интернет преку Starlink антена. Пристапот овозможува сè да може да се направи со многу ниско доцнење (латенција), до околу 50 милисекунди. Иако започнува да се користи за олимписките игри решението отвора многу можности за покривање на идни спортски настани, но и било какви настани на отворено.

Решението овозможува најмалку осум часа живо покривање секој ден, користејќи комбинација од традиционални камери опремени со 4G/5G уреди, iPhone телефони и дронови.

UHD за сите

Француската телевизија започна да тестира UHD на преносите на Ролан Гарос уште во 2013 година. Низ годините додаваа различни надградби HDR е достапен во преносите од 2019 година, а во 21/22 за првпат беше искористен ST 2110 за UHD MCR и за плејаут.

Овие чекори овозможија овие Олимписки игри во Париз да видат пренесувани во 4K UHD со HDR10.

За време на Олимписките и параолимписките игри покрај France 2 каналот во UHD ќе биде достапен и France 3.

Простор и за вештачка интелигенција

Денес е невозможно да се зборува за технолошки иновации без да се спомне вештачката интелигенција. France TV две години користи говор-во-текст решение, за да им помогне на архиварите во нивната секојдневна работа. Игрите претставуваат можност за уште поголема еволуција.

Основната цел на France TV е користи инфраструктура за препознавање говор и превод која е специфична за France TV. Ова ќе ги заштити податоците на France TV,  и ќе ги намали трошоците за користење на ваква услуга. Сервисот ќе овозможи транскрипција на интервјуа испратени од OBS, нивен превод на француски и нивна интеграција во спортскиот продукциски систем. Сите сценарија на настаните испратени од OBS ќе бидат преведени на француски. Преводот ќе го разбира контекстот и ќе користи специфичните термини за секој настан.

Речиси 5000 фајлови ќе бидат обработени секој ден. Преводите ќе бидат интегрирани во системот за спортска продукција и архивирање. Ова отвора многу други можности за користење на препознавањето на говор. Нови примени ќе бидат ставени во употреба за France TV каналите, и каналите за спорт и вести.

Технолошките иновации на Omega

Omega откри повеќе технолошки иновации кои ќе бидат користени на претстојните Олимписки игри во Париз 2024. Сетот технологии вклучува Scan‘O’Vision Ultimate, Computer Vision Technology и Vionardo графичка технологија. Технологиите се со фокус на мерење на перформансите на спортистите и пресметка на резултатите.

Scan‘O’Vision Ultimate е нова камера во која се користи следната генерација на технологија за фото-финиш на OMEGA. Напредокот во технологијата сега овозможува брзина на снимање  од 40 000 дигитални слики во секунда. За споредба камерата која се користеше досега Scan‘O’Vision MYRIA има брзина на снимање од 10000 слики во секунда.

Ова значително ќе го олесни одредувањето на победниците на трките во случај на фотофиниш. Дополнително технологијата ќе овозможи поточно определување на официјалните резултати во атлетиката или во велосипедските трки. Кога натпреварувачите ќе ја поминат финиш линијата камерата автоматски генерира снимка што значително ќе го олесни и забрза целиот процес.

Computer Vision Technology ќе се користи за следење на спортистите и други објекти за време на натпреварите во Париз 2024. Системот ќе ја отстрани потребата за користење на сензори во облеката на натпреварувачите. Наместо сензорите сите податоци ќе се собираат со камери со висока резолуција поставени околу  игралиштето.

Computer Vision Technology за подобра анализа и следење на натпреварите

Во случај на одбојка на плажа системот ќе ги следи движењата на натпреварувачите, но и движењето на топката во воздух. Ова ќе овозможи исклучителна статистика, од податоци за растојанието кое го претрчале натпреварувачите или брзината на топката, до висина на скок, типови на шут како блок или смеч.

Во скоковите во вода систем на камери ќе ги следи натпреварувачите од почетокот на скокот до влезот во вода. По ова снимките ќе се анализираат со вештачка интелигенција и со помош на математички алгоритми ќе се генерира 3Д модел од скокот. Дел од податоците кои системот ќе ги сподели со судиите се брзината при влезот во водата и времето поминато во скок. Дополнителен податок ќе биде и растојанието на скокачот од даската. Ако растојанието е помало од минималното безбедно растојание, може да му бидат одземени бодови за скокот.

Тенисерите, рекетите и топчето ќе бидат следени од Computer Vision системот. Технологијата ќе се користи за времето на реакција потребно за враќање на секој сервис. Покрај потребното време, ќе може да се анализираат податоци како положбата на рекетот, сѐ со цел да се утврди дали има корелација помеѓу времето на реакција, положбата на рекетот и ас сервисите.

Во скокот со стап на оваа Олимпијада автоматски ќе се одреди растојанието во случај на успешен скок.

Системот ќе се користи и за следење на натпреварите во гимнастика. За време на рутините на партер, системот со повеќе камери на OMEGA ќе ги следи спортистите и ќе генерира корисни метрики за судиите и подобрување на ТВ преносот.

На пример, системот ќе може да покаже дали спортистот ја напуштил дозволената област означена со линии или да ја прикаже висината и времето на скок. Благодарение на следењето на скелетот со помош на вештачка интелигенција, ќе може да се детектираат дури и аглите на стапалата на спортистот, обезбедувајќи подобра анализа.

Vionardo ќе донесе најточна и најинформативна графика досега

Omega ветува дека системот за графика Vionardo ќе донесе најточна и најинформативна графика во преносот досега. Овој пат податоците ќе бидат во 4K UHD,  во зависност од пренесувачот јазикот на графиката ќе биде различен. На Олимписките игри во Париз 2024 година, графиката ќе биде распоредена од OMEGA за секој спорт на соодветните места за натпреварување. Некои системи ќе бидат инсталирани и во IBC (Меѓународен центар за емитување) за специфични продукции од далечина. Оттаму, графиката ќе биде испратена до OBS (Олимписки радиодифузни услуги) кои ќе ги испратат до носители на медиумски права ширум светот.

Официјална апликација за Олимписките игри

За сите кои сакаат да ги следат Игрите подетално достапна е и официјална апликација. Апликацијата доаѓа со интересни вести поврзани со Олимписките игри, распоред на натпревари, видеа и слично.

Отворањето на Олимписките игри е на 26 јули, а прелиминарните натпревари започнуваат неколку дена порано на 24 јули.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk