Интернет и ТВ корисниците ќе добијат повеќе права, ветува АЕК

во ИТ.МК

Агенцијата за електронски комуникации донесе нов правилник, со кој најавуваат поголеми права за корисниците. Според АЕК, најголем дел од новите измени на законот доаѓаат по забелешки на граѓаните/корисниците на услугите.

Првата голема промена е воведување на максимална сметка која корисниците можат да ја платат за роаминг. Сега за интернет во роаминг има ограничување од 1.000 денари. Максималната сметка, пак, за разговори и SMS-пораки е 3.000 денари. По оваа сума, операторот мора да го извести корисникот, кој потоа ќе одлучи дали сака да продолжи и понатаму да ја користи услугата. Сепак, подобра вест, иако не внесена во правилникот, е дека ќе има намалување на цените во роаминг помеѓу балканските земји.

Максималната должина на договорот која може да биде потпишана со корисникот е 24 месеци, а по ова нема да има автоматско продолжување на договорот, туку корисникот мора да биде контактиран по што би се изјаснил дали ќе го продолжи договорот или ќе го прекине истиот.

Во случај да се случи „нарушување на корисничките приватни податоци“, што најверојатно вклучува кражба, хакирање или губење на податоците, операторите ќе мора да го известат АЕК во најбрз можен рок од 24 часа со цел „претплатниците да бидат запознаени со ризикот“.

Според условите од новиот правилник, корисникот кој ќе потпише договор со кабелски оператор (телевизија) ќе добие и листа на канали за кои е потпишан договорот. Кабелскиот оператор освен што е должен да ги ги плати авторските права за овие канали, мора да обезбеди пренос на истите во периодот на договорот. Во споротивно корисникот може да го раскине договорот без приотоа да плаќа казни. Ова значи дека ако ви ветиле 80 канали тогаш мора да имате 80 канали. За секоја промена во каналите операторот мора да го извести претплатникот, кој доколку не се согласува со промените може да го раскине договорот.

Што се однесува до Интернетот според новиот правилник се предвидува брзината на интернет сообраќајот да не смее да биде побавна од 50 отсто од рекламираната. Операторите се обврзани и детално да го известат корисникот за интернет брзината која ја нудат. За жал, нема подетална информација околу загубата на пакети која има огромна улога во квалитетот на сигналот, како и должината на периодите во кои е дозволен пад на брзината на 50 отсто од рекламираната.

Операторите кои не се придржуваат до правилникот најпрво ќе добијат предупредување, по што следат казни кои се помеѓу 5.000 и 20.000 евра.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk