0 коментари 1 мин. читање

Aко имате прашање за Steam, тогаш подобро прашајте го основачот Гејб Њувел

Дали некогаш сте се запрашале колкава и која е улогата на Гејб Њувел во Valve? По последната преписка која еден од корисниците ја сподели на imgur и на Reddit, јасно ни е зошто гејмерите гледаат на г. Њувел не само како основач на популарна платформа за дистрибуција на игри, туку како на „eден од нашите“.

Преписката открива дека г. Њувел е исто толку добар во корисничка поддршка, како во развој на гејмингот. Се започна со пораките од that_earlyguy до г. Њувел во кои му се жали дека корисничката поддршка на Steam му ги игнорира прашањата веќе недела дена, по што г. Њувел ја презема одговорноста и ја завршува работата. Како што и самите може да видите, г. Њувел лично одговара на поштата на фановите, и тоа што е интересно е што одговорот на прашањето за дозвола за објавување на приказната е бесценет! „Сите во Valve се поддршка, па сосем е во ред луѓето да ме контактираат мене или било кој друг тука доколку имаат проблем“, вели г. Њувел.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top