Според спогодбата Intel ќе плати на Nvidia 1.5 милијарди долари за лиценците во следните шест години. Исто така Intel ќе добие пристап до сите патентите на Nvidia како GPU технологиите и тие за суперкомпјутерите, и обратно, Nvidia ќе добие пристап до одредени патенти на Intel, како патентите за микропроцесори, но нема да има пристап до x86 дизајните и флеш меморијата на Intel.
„Договорот со вкрстување на лиценците му дозволува на Intel да интегрира Nvidia технологии и тие кои се покриени со патенти во нивните процесори, како на пример, Sandy Bridge.“, вели претседателот на Nvidia, Џен-Хсуан. „За нас, договорот ни дозволува да ги искористиме Intel патентите за видовите процесори кои ги градиме – проект Denver, Tegra, и тие што ќе ги градиме во иднината.“
Потенцијалот на договорот е да се искористат технологиите на двете компании во градење на графички процесори, како и да се остане конкурентен на се повеќе растечкиот мобилен пазар.
Во меѓувреме, директорот на AMD, Дирк Маер си поднесе оставка.







