0 коментари 1 мин. читање

WoW:Cataclysm сруши рекорд за најпродавана PC игра за еден месец

Се очекува продажбата на играта евентуално да достигне над 10 милиони парчиња, земајќи в предвид дека Blizzard Entertainment вели дека World of Warcraft како најголемата онлајн игра има 12 милиони играчи на кои им е потребна експанзијата доколку сакаат да продолжат со играњето. Покрај тоа што ќе ја купат играта, играчите плаќаат и по 15 долари месечна претплата.

Третото продолжение на World of Warcraft, Cataclysm донесе и редизајн на 6-години старата игра во смисла на променување на зоните, претставување на нови мисии, нови две раси за играње, сега вкупно 12, и нови класи за играње, правејќи ја „најголемата и најамбициозна експанзија“, како што вели Blizzard.

Интересно, на крај на соопштението Blizzard сподели линк за нови работни места кои се потребни да се „оддржи постојаниот раст на WoW“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top