0 коментари 2 мин. читање 19 април, 2012

Intel го претстави својот прв паметен телефон

Intel конечно влегува на мобилниот пазар со кој до сега владееше ARM, чии процесори се користат од скоро сите паметни телефони. Првиот телефон кoj ќе ги користи процесорите на Intel е Xolo X900 од Lava. Ако не ви е познато името на производителот, не сте единствени, ниту ние до сега не бевме чуле за компанијата со седиште во Индија.

Xolo X900 работи на Android, има 8 мегапиксели камера која може да слика 10 фотографии во една секунда и има поддршка за 1080p видео во висока дефиниција. Графичкиот процесор работи на 400 МHz, има 4 инчен екран и поддршка за 3G мрежи. Ќе чини 420 долари. Никој нема да ве обвини доколко помислите дека сите овие карактеристики го прават Xolo неатрактивен со висока цена. Но, тоа што е интересно кај овој телефон е што го има првиот Intel Atom Z2460 1,6 GHz просецор со едно јадро кој работи на „hyper threading“ технологија која треба да овозможи побрз мултитаскинг.

Наскоро се очекува да се појават уште телефони од Lenovo, Motorola, ZTE и други кои ќе работат на Intel-ов процесор.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top