0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2012

RapidShare објави анти-пиратски манифест

Сервисот за хостирање на фајлови RapidShare објави анти-пиратски манифест кој служи како правила за користење на вакви слични сервиси, пишува TorrentFreak. Со овој потег RapidShare сака да се одбрани од обвинувањата дека е следниот Megaupload, сајт кој беше затворен од FBI. Откако се затвори MegaUpload многу од пиратите само ја префрлија својата содржина на други сервиси за хостирање на фајлови, вклучувајќи го и RapidShare кој е еден од најпопуларните.

Швајцарската компанија во својот манифест вели дека е неизбежно за секој сервис кој хостира фајлови да хостира и пиратска содржина, и затоа потребни се правила како да се справат со неа и како да се соработува со властите. Според RapidShare, секој сервис треба да брише профили откако се докаже дека споделуваат пиратска содржина, но и доколку има доволно забелешки од тие кои ги држат авторските права. Дополнително секој кој има профил мора да користи валидна имејл адреса.

До сега се е во ред. Нo, RapidShare сака да се направат нови полиси за приватност кои ќе му дозволат на сајтот да прегледува лични фајлови на тие кои се осомничени за споделување пиратерија. Овие правила треба да се користат само во земјите кои ги почитуваат авторските права.

Што мислите дали RapidShare ќе ја победи пиратеријата или пиратите повторно ќе го сменат сервисот?

SF #5383794 v2 Responsible Practices

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top