Intel ги претстави Ivy Bridge процесорите

во Хардвер

Intel вели дека новите Ivy Bridge процесори користат „3Д транзистори“ кои овозможуваат 20 отсто поголема процесорска моќ користејќи 20 отсто помалку енергија.

Повеќето од овие нови, вкупно 13 процесори со четири јадра од Ivy Bridge фамилијата се наменети за десктоп компјутерите кои ќе се појават по 29 април, а наскоро ќе бидат претставени процесори со две јадра кои ќе бидат наменети за лаптоп компјутери и ноутбукови. Intel вели дека ќе има 270 десктоп компјутери и 300 мобилни уреди кои ќе работат на третата генерација на i3, i5 и i7 процесори.

Според Pcadvisor.co.uk, кои тестираа Ivy Bridge Core i7-3770K процесор, овие нови чипови иако се подобрување од тие од втората генерација Sandy Bridge процесори, сепак не се со драматична разлика. Доста подобрен е графичкиот процесор HD 4000 кој е двојно подобар од претходниот, и додаваат дека најмногу ќе добијат оверклокерите бидејќи Ivy Bridge процесорите користат помалку енергија.

Се очекува цената на новите процесори да биде околу 200-300 долари.

[youtube]kJzf7jRqsAw[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments