Facebook има 901 милиони корисници, од кои 500 милиони се логираат преку мобилен

Facebook го надополни својот формулар за излегувања на берзата, додавајќи нови статистики за својата доминација. Друштвената мрежа е се поблиску до милијардата на Google. Сега има 901 милиони активни корисници кои се логираат секој месец. Од нив, скоро 500 милиони ја користат мрежата преку мобилен телефон.

Ова се неверојатни бројки, иако растот во бројот на корисниците се успорува. Но, тоа не е важно во моментов, бидејќи приходите се зголемуваат.

Facebook објави и дека направил 1,05 милијарди долари приходи во првиот квартал од 2012-та година, што е 44 отсто повеќе од ланскиот прв квартал, но 6,5 отсто помалку од четвртиот квартал во 2011-та. Според ова, може да се заклучи дека секој корисник на Facebook, т.е. вие, вреди околу 4,8 долари.

Најголемиот дел од приходите на Facebook доаѓа од рекламите, 872 милиони долари. Интересно, интернационалните приходи се 49 отсто, што е зголемено од претходните 42 отсто. Сепак, поголемиот дел од приходите доаѓа од „дома“, односно од американските корисници. Скоро 15 отсто од приходите доаѓаат од друштвените игри на Zynga.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk