Пред недела време Instagram ја објави својата најнова функција со која на корисниците им овозможи да снимаат видео и со тоа му зададе директен удар на Twitter-овиот Vine, сервис за снимање на видео со времетраење од 6 секунди. Во моментот Instagram брои околу 130 милиони корисници, а бројката со сигурност ќе се зголеми со тоа што корисниците се повеќе и повеќе ги споделуваат своите фотографии, сега и видеа, на најпопуларната друштвена мрежа, Facebook. Прашањето е: во што се разликуваат овие два сервиси и кој е подобар?
За да ги споредиме директно ќе ја искористиме табелата на TechCrunch за да видиме кој сервис што нуди. Корисниците на Vine може да снимаат видео со максимална должина од 6 секунди, наспроти 15-те на Instagram. Можеби Instagram е подобар за рекламирање, но Vine со времето дефинитивно ќе ги натера корисниците да размислуваат покреативно. Исто така, Instagram нуди филтри и бришење на последните фрејмови, што не е случај кај Vine, но најавено е дека наскоро и таа можност ќе биде достапна.
Филтри
Додека Instagram цела таа мрежа на корисници ја изгради благодарение на своите филтри за фотографии, Vine во моментот не нуди ништо на тоа поле. Но, имајќи го во предвид тоа дека филтрите го намалуваат квалитетот на фотографиите, Vine сакајќи да им овозможи на корисниците да снимаат поинтересни видеа, може да им понуди некои алатки за транзиција помеѓу кратки сцени.
Споделување
Клучот да добиете поголем број на корисници е можноста за споделување на повеќе мрежи. Instagram нуди споделување на Facebook, Twitter, Tumblr, Flickr, Email и Foursquare, додека Vine корисниците своите видеа може да ги споделат само на Twitter и Facebook.
Прегледување на видеа
Фидовите на кои се прикажуваат видеата на двата сервиси се разликуваат, и тука изгледа дека повторно Instagram е во плус. Додека Vine е исклучиво за видео содржина и додека прегледувате видеата нон-стоп се репродуцираат, Instagram започнува секунда откако корисникот ќе стигне до него. Но, Vine на веб корисниците им нуди да го исклучат звукот, што не е случај кај Instagram, барем кога се пристапува преку веб.
Заклучок
Толку слични, но и толку различни. Кон едниот се наклонети Facebook корисниците, кон другиот Twitter кој ги тера да размислуваат креативно. Vine е прилично нов сервис на кој секој би му требало малку време да се навикне, да се запознае со работната околина, додека Instagram на повеќето им е познат од фотографиите, а не е ништо променето и за снимањето на видеа. Но, бројките се на страната на Instagram кој брои 130 милиони активни корисници, додека десетпати помалку, односно 13 милиони има Vine.
Како ќе се развива овој пазар ќе покаже времето, а нималку не би не изненадило доколку и Google се пушти во трката со Instagram и Vine.










„Системот“ не се дава така лесно.