Facebook ве бара за бета тестери на Android апликацијата

Со цел Facebook да ја подобри својата Android апликација, друштвената мрежа објави програмата за бета тестери на Facebook апликацијата за Android мобилниот оперативен систем.

Со ова, од Facebook сакаат да ги вклучат своите корисници во развојот на својата апликација така што ќе им испраќаат фидбек пред објавување на финалната верзија на апликацијата. Причината поради која оваа програма е јавно отворена е за да се собери искуството од повеќе корисници ширум светот кои работат на различни уреди, кое во споредба со интерното добивање на повратни информации е ограничено на неколку луѓе и уреди.

Корисниците кои ќе бидат вклучени во оваа програма добиваат предвремен пристап до функциите кои (можеби) ќе бидат вклучени во официјалните верзии. Доколку сте заинтересирани за да се приклучите во оваа програма:

  1. Зачленете се во Google групата Facebook for Android Beta Testers.
  2. Oвозможете ги бета верзиите со кликање на Become a Tester во (претходно треба да сте приклучени во Google групата).
  3. Преземете го Facebook од маркетот за да ја добиете најновата верзија.
  4. Приклучете се на Facebook групата Facebook for Android Beta Testers.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments