Firefox 22 со 3Д играње, видео повици и споделување на датотеки

во Веб

Mozilla ја објави 22-та верзија на Firefox која ќе им дозволи на развивачите да креаираат високо квалитетни веб апликации кои вклучуваат размена на видео пораки или датотеки, директно преку прелистувачот. Новина е и што модулот WebRTC (Web Real-time Communication) е вклучен уште од самиот старт, а со тоа на развивачите ќе им се овозможи да вградат новости во своите веб апликации за да бидат побогати и поинтерактивни. Покрај тоа, достапен е оптимизацискиот модул OdinMonkey (ams.js) кој треба да го забрзи работењето на Firefox.

Доколку сакате да ја видите разликата користејќи го OdinMonkey, стартувајте ја симулацијата BananaBench со Firefox 21 и со Firefox 22. Според Mozilla, новото множество на JavaScript-и (ams.js) треба да им овозможи на развивачите да креираат апликации како 3Д игри или сервиси за процесирање, а без притоа да има потреба од инсталирање на некакви додатоци.

Мozilla создаде и демо игра наречена BananaBread со која сака да го претстави 3Д мултиплеер играњето во самиот прелистувач. Firefox 22 можете да го преземете од овде, или да направите надградба директно преку самиот прелистувач.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@deemeetar
12 years ago

Asm.js(не asm.js, како што ти го имаш напишано :D ) е оптимизација на извршување на специјален јаваскрипт код(најчесто продукт на компајлери C -> javascript) и не се запримметува во секојдневното користење доколку јаваскрипт кодот не е во тој специфичен вид(pattern).