(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)
ПРОФИЛ
1.Датум кога официјално започнавте со работа:
Официјално почнавме 06 Април 2016 – инфо од тековна состојба ;) (секако не постара од 6 месеци :)
2.Од кого е основана компанијата?
Солвео го основаа Драгана Нешовска и Иван Зографски.
3.Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Нашиот уникатен натпревар за студенти беше првата успешна продажба.
4.Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Во почетокот само основачите, односно си бевме двајца хонорарци :))
5.Колку вработени сте сега?
Шест сме моментално и работиме со уште неколку фриленсери.
6.Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Solveo е компанија која цели со своите услуги да ги поврзе компаниите со студентите за работење на реален проект и решавање на модерни бизнис проблеми. Целта е преку натпревари, менторство и вмрежување со професионалци, да се издигне нивото на иновации кај компаниите. Заедно со студентите, преку уникатниот процес Солвео им помага на компаниите при идентификување на бизнис проблеми и решенија на истите. Моментално го развиваме нашиот дигитален продукт кој ќе биде едно од најквалитетните дитиални решенија за отворени иновации на пазарот.
7.Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Најмногу се разликуваме по тоа што се фокусираме на работа со студенти (за сега), потоа тоа што решенијата што ги нудиме на нашите клиенти се еден вид на turn-key сервис за отворени иновации и со тоа што пред нашите клиенти настапуваме заедно со уште неколку наши партнери и можеме да понудиме целосна дигитална трансформација.
8.Кои се клиентите со кои соработувате?
Клиентите до сега ни се од Македонија и Шведска. Прилично ни е драга соработката со doxTeam т.н. тивок технолошки џин во Македонија, но и големиот интернационален IMP Digital. Имаме соработувано и со SEEU Tech Park технолошкиот парк од Тетово, Магнетик и уште една Шведска компанија Alite International.
9.Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Би инвестирале многу во промени во едукативниот систем (во основно, средно образование и во факултетите), бидејќи според нашето искуство сите проблеми а и решенијата потекнуваат од таму.
10.Што ќе работи Solveo во 2020 година?
Нашата визија за иднината е физичка локација на Solveo во најголемите технолоши центри во светот, но сепак со централа во Скопје. Исто така очекуваме да го развиеме нашиот дигитален производ на доволно високо ниво да може да функционира со помош на Вештачка Интелигенција и Машинско Учење.
11.Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Можам слободно да кажам дека не сум сигурен дали нашите родители целосно разбираат што тоа ние правиме по цел ден на нашите лаптопи. :) Но сепак безрезервно нè поддржуваат.
Официјален сајт:
http://www.solveo.co/
Solveo на друштвени канали:
Facebook / Twitter / LinkedIn
Посетете го профилот на Solveo на ИТ Индекс.