Европа ја донесе WiFi4EU иницијативата

Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија ја поддржаа идејата за поставување на јавен бесплатен WiFi. Целта на иницијативата е да се постават хотспоти од кои граѓаните ќе имаат бесплатен пристап до интернет. Јавните локации како паркови, плоштади, болници до 2020 ќе имаат бежичен интернет.

„Секое европско село и секој град ќе имаат бежичен интернет пристап во близина на центрите за јавен живот до 2020“, вели Жан-Клод Јункер.

За остварување на проектот во помеѓу 6.000 и 8.000 општини ќе бидат потребни 120 милиони евра. Овие средства ќе бидат инвестирани во период од 2017 до 2019. Штом се постави системот општините во Европската Унија ќе можат да се пријавуваат за учество во проектот. Општините може да пријават локации ако на истите нема постоечки јавен бежичен пристап.

„Единствениот дигитален пазар треба да изгради потполно поврзана Европа, во која сите имаат пристап до високо-квалитетни мрежи. WiFi4EU иницијативата ќе ја пoдобри поврзаноста, прeд се на локациите со ограничен интернет пристап. WiFi4EU е одличен прв чекор, но мора да се направи уште многу за брз интернет на целата територија на Европа“, додаде Андрус Ансип од комисијата за Единствен дигитален пазар.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk