0 коментари 2 мин. читање 26 октомври, 2021

Импакт Фондација во соработка со домашните тренинг центри ќе ги изготват првите наставни програми за фриленсинг

Фондацијата Импакт објави дека од овој месец има договори со три едукативни центри во кои ќе се држат обуки за фриленс работа. Едукација за заинтересираните ќе се одржува во соработка со Бреинстер, Сеавус Едукативниот Центар (SEDC) и образовниот центар СЕМОС. Најавени се наставни програми кои ќе им бидат пласирани на целни групи како млади, жени, и други ранливи и маргинализирани групи. Тие ќе им овозможат на сите студенти да земат учество на првите специјализирани обуки за фриленсинг во Северна Македонија, и ќе им помогнат подобро да го разберат овој пазар, велат од Импакт.

Курсевите се најавени за следниот месец, а покрај дигиталните вештини посетителите на обуката ќе се запознаат со таканаречени „меки вештини“ (soft skills). Обуките се фокусирани на најпопуларните платформи за фриленс Upwork, Evato и Fiverr.

Целта на тренинг центрите и Импакт Фондација е да обучат 300 студенти до март 2022 година од кои 150 би започнале да работат на некои од најпопуларните фриленс платформи.


ИМПАКТ ФОНДАЦИЈА е организација за развој на приватниот сектор, локален ко-фасилитатор на програмата RECONOMY, водена од методологијата за развој на пазарни системи (МСД). Фондацијата е формирана од локалниот тим на практичари и експерти за МСД кои го започнаа првиот проект за МСД во Република Северна Македонија.

RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Сида), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во Источна Европа, Јужен Кавказ и Западен Балкан.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top