Имам право да знам! Стартува нов сајт за „Слободен пристап“ до информации

во ИТ.МК

Слободниот пристап до информации, како и одговорите на државните институции најчесто не се премногу достапни за граѓаните. Новиот сајт „Слободен пристап“ има за цел да ја подобри транспарентноста и да го олесни поднесувањето на барањата на граѓаните до институциите, пренесува Радио МОФ. Веб сајтот истовремено овозможува и да ги погледнете поднесените барања до институциите и кога се поднесени. Покрај ова ќе има сајт кои ќе биде архива на поденесените одговори, па заинтересираните ќе можат да направат споредба на поднесените барања и одговори.

Сајтот овозможува барање на одговор од над 800 институции, а листата треба да се прошири со преостанатите институции, кои сеуште немаат валидни имејл адреси. Главна цел на сајтот е да го зголемат интересот на граѓаните да бараат детални објаснувања од одговорните институции. За жал засега единствено 17 отсто од граѓаните бараат информации од интитуциите, и често проблем може да биде електронскиот потпис кој инстутуциите може да го побараат.

„Свесни сме дека електронскиот потпис чини пари, граѓаните го немаат, но заради тоа платформата треба да наиде на позитивна реакција од страна на имателите на информации. Почитуван е законот и во делот на тоа што Комисијата ја составува листата на иматели. Ќе остане наша обврска, како Комисијата ќе ги ажурира овие иматели, така ние да најдеме модус, како да бидат сменети мејловите на службените лица кои ќе ги примаат овие пораки.“, вели Данче Даниловска од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk