Како што ИТ индустријата станува повлијателен фактор во Македонија, претварајќи се во „движечка сила за развој, иновации и конкунрентност“, така и македонските инженери и програмери стануваат се побарувани, добивајќи работа која се плаќа над македонскиот просек. Но, тие што се поталентирани бараат излез надвор од државата, во потрага по предизвик да работата за големите ИТ гиганти, вели деканот на Факултетот за информатички научки и компјутерско инженерство, Димитар Трајанов, во интервју за Нова Македонија.
„Во изминативе неколку години барем за нашите студенти не пости проблем да најдат работа во Македонија. Оние поквалитетните добиваат плати што се неколкупати поголеми од македонскиот просек. Но, сепак, не може да се каже дека нашите студенти не одат да работат и во странство. Според нашите анализи, во најголем број од случаите се работи за прифаќање на предизвикот да се работи во некоја од најголемите ИТ-компании, па така имаме наши студенти што работат во Apple, Microsoft, Google“.
Во интервјуто, г. Трајанов го пофали растот на ИТ индустријата во Македонија, која „го надминува развојното темпо на целокупната економија“ и станува движечка сила, велејќи дека над 80 отсто до локалните ИТ компании работат оутсорсинг, што покажува дека постои талент и квалитет.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.