0 коментари 1 мин. читање 3 март, 2014

Споделете ги Steam игрите со семејството и пријателите

Услугата „Сподели со семејството“ која неодамна беше достапна во тест период кај дел од корисниците на Steam, сега им е достапна на сите играчи. Најголемата продавница за дигитални копии на видео игри сега им повозможува на своите корисници да ги споделат игрите кои ги поседуваат со членовите на своето семејство, но и со пријателите. Игрите можат да се споделуваат со десет други корисници, а доколку сакате некоја игра од пријателите може да им испратите порака со која ќе побарате авторизација. Сепак ова не значи дека корисниците ќе можат да играат мултиплеер со една игра, бидејќи играта е активна единствно за еден профил. Ограничувањата се дека може да се споделуваат игри со 10 други корисници и можно е споделување на најмногу 5 игри истовремено.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top