IBM сака суперкомпјутерот Watson да се користи за мобилни апликации

IBM ги предизвикува сите развивачи да пронајдат начин со кој ќе го импленетираат суперкомпјутерот Watson во своите идни апликации. Компанијата го објави проектот на Mobile World Congress, а следните три месеци сите девелопери кои сакаат да учествуваат во Watson Mobile Developer Challenge можат да се пријават со своите идеи. IBM ќе се обиде со оваа промоција да натера што е можно поголем број на девелопери да креираат апликации користејќи го Watson и неговите услуги преку облакот. Со оглед на тоа дека „вештачката интелегенција“ како услуга во моментов е интересна поради разликата во можностите за пресметки кога се споредуваат паметните телефони или таблети и Watson.

Конкурсот за развивачи започнува од 31 март, а до крајот на годината ќе бидат овјавени 25-те финалисти кои ќе се здобијат со правото да го користап Watson API за од идејата да креираат готова апликација. Во финалниот продукт IBM ќе учествува и како консултант, но далеку поважно компанијата ќе застане зад апликациите откако ќе бидат издадени.

Изненадувачки иако IBM се надева дека ќе успее да го претвори Watson во бизнис кој чини 10 милијарди долари, но и сериозно да се наметне како екосистем, компанијата барем засега не ги споделува Watson API-јата со јавноста. Изгледа изненадувачки, во период кога дури и на некои хакатлони наградниот фонд е 1 милион долари, IBM се одлучи победниците на предизвикот, да бидат наградени со консултантски услуги и Watson API. Засега е нејасно дали овие апликации ќе бидат дел од натпреварот кој на почетокот на годината го најави IBM.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments