Онлајн студии за лица со телесен инвалидитет

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести, ИТ.МК

Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, Полио Плус, Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби, Отворете ги прозорците и Марјановиќ едукација, потпишаа меморандум за соработка. Според најавата, соработкaта на овие организации со онлајн академијата Everest ќе им овозможи едукација преку интернет на луѓето со инвалидитет.

„Лицата со телесна инвалидност ќе имаат можност, учејќи на далечина со помош на ментори, да стекнат знаења и вештини со кои ќе се оспособат за некои од најбараните работни места во област на веб технологиите, дизајнот и развојот. Освен стручни технички студии, на заинтересираните ќе им биде понудена можност да следат настава за изучување англиски јазик и Microsoft Office апликации.“ објави Мобилност.

Курсевите ги организира Марјановиќ Едукација на веб академијата Everest. Академијата ќе обезбеди ментори за учесниците во наставата. Студентот најпрво ќе ги изгледа видеата кои се понудени, потоа има практични задачи кои се доставуваат до ментор. За истите има можности за онлајн консултации.

Видеата со лекции се на македонски јазик и се прилагодени на методологија за менторирано учење. Студентите можат да ги следат лекциите со сопствено темпо. Можеби поважно по завршувањето на овие лекции Марјановиќ Едукација продолжува со менторство и ќе им помага на студентите со посредување за добивање на практична или пробна работа. На студентите ќе им бидат доставени и сите потребни ресурси за работа како фриленсери.

„Лицата со телесен инвалидитет имаат потреба од доедукација и стекнување на вештини и знаења конкурентни на пазарот на трудот. За ова сведочи податокот од Агенцијата за вработување на РМ според кој на почетокот на оваа година, од 1.584 активни баратели на работа (лица од сите видови на инвалидитет) 863 биле без образование или со завршено основно образование. Ако на оваа бројка се додадат 313 лица со недовршено средно образование, очигледно е дека доедукацијата им е неопходно потребна. Ова соработка дава можност за нивно стручно оспособување од дома, со што се премостува и една од основните бариери за нивна непречена едукација, а тоа се архитектонските бариери и непристапноста на објектите во кои се изведува наставата од основно, средно и високо образование, а оние лица со телесен инвалидитет кои ќе ја завршат обуката, ќе имаат можност за вработување и работа од дома.“- изјави Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност Македонија.

Академијата веќе има неколку тест курсеви преку кои сите заинтресирани ќе можат да разгледаат како ќе изгледа целиот процес. Марјановиќ Едукација продуцираше 4 бесплатни курса, кои се достапни веднаш по регистрација на овој линк. За следење на курсевите потребно е поседување персонален компјутер, интернет врска и слушалки со микрофон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments