Начинот на кој се конзумираат видео игрите полека се менува. Мислам дека помина периодот кога доминираа конзолите како PlayStation, Xbox, и Nintendo, и време е да им отстапат место на паметните телефони. Сите сопственици на паметен телефон, без разлика дали е Android или iPhone, имаат минимум една видео игра која редовно ја играат. Развојот на игри за паметни телефони е еден од наjпрофитните технологии моментално.
Оваа драстична промена на конзумирање на игри, е една од причините за проблемите со кои Nintendo моментално се соочува. Неодамна, Nintendo најавија дека цената на нивната нова конзола 3DS ќе ја намалат за 40%. Слабата продажба на 3DS се должи на тоа што корисниците повеќе преферираат да играат на повеќенаменски уреди, како што се паметните телефони, или таблет компјутерите.
Тимот зад веб сајтот Geekaphone има направено истражување за индустријата поврзана со мобилните игри, и добиените резултати се претставени во вид на инфографик, кој можете да го погледнете подоле. Според инфографикот, во 2010 девелоперите на мобилни игри од реклами имаат заработка од 87 милиони долари, а се претпоставува дека мобилните игри во 2015 година ќе носат профит од 54 милијарди долари.

Geekaphone’s Mobile Gaming by the Numbers







