Конечно дојде денот кога сопствениците на последната генерација конзоли ќе можат да ја играат Grand Theft Auto V на Xbox One и PlayStation 4. За жал верзијата за PC ќе излезе подоцна, на почеток на следна година. Дел од промените се подобрена графика повеќе музика, но додадена е и опција за играње на играта од прво лице. Новата камера ќе овозможи подобар преглед на светот, кој со оглед на подобрите графички можности на конзолите изгреда подобро од било кога досега. За жал, иако е додадена можност за прво лице, имплементирањето ја прави играта потешка отколку стандардната камера во трето лице која досега беше придружник на играчите на GTA, вели Verge.
Најголем дел од промените кои се направени допринесуваат во веродостојноста нa GTA, така ретко кој ќе ужива во читањето весници, читање пораки на телефон и слично. Од друга страна пак секој од автомобилите има различна внатрешност и сега доколку се судрите со некој додека се движите по Лос Сантос, ќе се заврти и ќе ве измерка. Доколку сте сопственик на некоја конзола од последната генерација, Verge советува дека само графиката и подобрувањата се доволни да повторно да се вратите на играта, дури и доколку веќе сте ја изиграле. За „PC master race“ GTA V излегува на 27 јануари, следната година.
Интересно, британскиот Miror пишува дека играта, која одсекогаш била позната како контроверзна пред се поради насилството, сега може да направи поголема „морална паника“ бидејќи воведува можност во прво лице да се разговара со проститутки, и да се оди по тенката линија на законот.
[youtube]kFhkHFSytVU[/youtube]