На 22 ноември во Скопје ќе се одржи Java Day, целодневна Java конференција во организација на официјалните Java корисници од Македонија, JUGMK. Настанот се одржува во киното Cineplexx во City mall од 9:30 часот. Настанот е во насока на продолжување на напорите на JUGMK, односно поврзување на луѓето професионалци и ентузијасти кои користат Java, но и промоција на можностите на Java.
Конференцијата ќе има девет говори од најразлични теми: како да бидете одличен девелопер, Java 8 функционално програмирање, развој на модерни веб апликации и слично. Говорници и гости на Java Day ќе бидат Корсин Декуртинс, Никола Живков, Михаил Стојанов, Иван Ст. Иванов, Александар Пецанов, Николче Михајловски, Ралука Бреаур, Мартин Тихомиров Тошев и Богдан Беговиќ.
Повеќе податоци за настанот, говорниците, темите на кои ќе говорат, како и регистрација за Java Day, може да пронајдете на страната на настанот. Со оглед на тоа дека станува збор за еден од најголемите и масовни настани кои се одржуваат кај нас за девелопери, без разлика дали сте само ентузијаст или професионалец посетете го Java Day.







