Веројатно најинтересен хардвер кој ќе го видиме овој период е новата конзола на Sony, PlayStation 5. Конечно популарноста на конзолата е толкава што дел од медиумите јавуваат дека некои конзоли се препродаваат за 10 000 долари.
Популарниот блог за сервисирање и за техника iFixit ја претстави конзолата на карактеристичен начин. Секако ја расклопи конзолата и дадоа оценка за едноставноста за сервисирање. Во текот на расклопувањето може да се потсетите на постарите конзоли и да ја погледнете споредбата со Xbox.