Бенчмарк тестовите покажуваат Apple M1 е конкуренција на Intel и AMD

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Intel и AMD повеќе не се „осамени“ во борбата за најдобриот процесор. Apple M1 e изненадувачки процесор, можеби најмногу бидејќи ова е прв процесор за компанијата. Оваа недела официјално излегоа и првите компјутери со новиот процесор, а со тоа и првите прегледи и тестови на процесорите.

Новиот процесор од Apple може со перформансите може да се натпреварува со најдобрите преносни процесори на AMD и Intel. Поимпресивно е колку процесорот е ефикасен кога штедливоста е во прашање.

М1 на Apple е првиот 5nm-чип за компјутер. Доаѓа со 4 Firestorm јадра, ова се јадрата кои процесорот ги користи за „потешките“ операции и имаат подобри перформанси. Овие јадра доаѓаат со 12MB L2 кеш меморија. Од другата страна на плочката се 4 Icestorm јадра си 4MB L2 кеш наменети за поефикасно работење. На овие јадра им се додадени и 8 графички јадра со перформанси од 2,6 teraflops. Apple на претставувањето вети дека M1 е најбрзиот процесор на едно јадро. Идејата за поделба на јадра за перформанси и енергетски ефикасни јадра е во самата поделба на процесите. На помоќните јадра ќе се обработуваат податоците на активните апликации, а во позадина на ефикасните јадра, ќе се извршуваат процесите кои се помалку важни.

На Geekbench 5 мултитред тестовите Apple M1 во добар дел е побрз од Intel i7-1185G7 и Ryzen 7 4700U. Сепак не е едноставно да се направи директна споредба помеѓу процесорите, објасни ArsTechnica.

Веројатно барем во моментов најсоодветна е споредбата на новите и старите MacBook компјутери. Тестовите очекувани покажуваат значително подобри перформанси на новите уреди.

Во споредба со претходните генерации на MacBook, MacBok Pro 13 од оваа генерација не само што има подобри перформанси, туку и батеријата „трае“ барем 2 до 3 пати повеќе, покажува искуството на TechCrunch.

Секако дека има побрзи процесори, но се чини дека Applе и не е фокусиран на стандардниот десктоп компјутер. Процесорите за кој потрошувачката на електрична енергија и батериите не се проблем и натаму се најбрзи. Она што го нуди Apple со новиот ARM процесор веројатно ќе биде најбрзиот и најефикасен уред за преносни компјутери.

Веројатно првиот посериозен конкурент на M1 ќе биде претставен следната година. AMD наскоро ќе ја претстави Zen 4 серијата која е како и M1 e 5nm. Засега Intel е застанат на 14nm и не е дел од оваа трка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk