iFixit го расклопи новиот Microsoft Surface Studio

0 коментари 1 мин. читање

Новиот Microsoft Surface Studio компјутер изгледа одлично, но има неколку недостатоци. Порталот кој има најдобра презентација на хардвер, iFixit, имаше можност да го расклопи и овој уред и има непријатни вести.

Уредот доаѓа со 8 GB RAM и нема можност за проширување. Слично нема можност за проширување и на процесорот и графичката картичка, па најверојатно моделот со 8GB RAM не е најдобар избор. Најголем дел од компонентите се наоѓаат во подножјето на компјутерот, но и во мониторот има интересни компоненти. Моделот на Studio кој го расклопи iFixit доаѓа со Intel Core i5-6440HQ, 8GB RAM и GeForce GTX 965M.

Оценката за поправка е 5 од 10. Ова не е премногу висока бројка, но е далеку пред оценката на MacBook. Најголеми недостатци на уредот се фиксните елементи: процесорот, рам меморија и графичката картичка. Тука е и напојувањето кое е специјално изработено за овој модел. Добра вест е што хардисковите се лесно достапни, а лесно достапни се и вентилаторите за ладење.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед