Webstrian им овозможува бесплатен веб сајт на новите стартапи

во feature, Веб, ИТ.МК

Креирањето на сопствен бизнис или стартап, не е едноставно ниту пак евтино. Компанијата xSoft има нова поволност за сите кои ќе се охрабрат на овој чекор, македонската платформа за креирање сајтови Webstrian ќе се обиде да им помогне на младите компании со нивната онлајн презентација. Платформата им нуди бесплатно и едноставно  креирање на веб сајт  и негово хостирање.

Процесот на креирање на веб сајт е едноставен и корисникот треба само да внесе сопствена содржина. Содржината која засега може да се менува е ограничена на текст и слики. Единствен услов за користење на бесплатниот хостинг и креирање на веб сајт е компанијата да не е постара од 1 година.

„Нема ставено ограничувања за уредувањето на содржините. Корисниците имаат комплетна контрола врз распоредот (layout) на елементите и врз содржините кои се поставуваaт на веб-страниците. По регистрацијата, корисниците имаат комплетно уреден демо веб-сајт, како пример (за да биде поедноставно во уредувањето), но тие можат целосно да го преуредат и преорганизираат, онака како им одговара најмногу.

Oсвен слики и текстови на страниците, тие може да поставуваат и нови страници, да ги менуваат менијата, да ги делат страниците на колони, да ја менуваат местоположбата на елементите (drag-and-drop), да поставуваат блог статии, вести, you tube видеа, гоогле мапи, форми, слајдери, фоторотатори, документи за преземање, галерии, разни икони, сведоштва, тагови и така натаму.

Корисниците имаат можност и за повеќе јазичност, поврзување на веб-сајтот со Google Analytics или пак да го постават сајтот на web-master tools. Исто, тие можат да изберат други бои за дизајнот или пак комплетно да го променат/земенат дизајнот во некој од другите дизајни, при што содржините остануваат непроменети, се менува само дизајнот. Во однос на customization на дизајните, има и напредни можности, наменети за дизајнерите и front-end девелоперите, со што може да се направат и потполно custom дизајни.“, вели Игор Крстев од xSoft.

Компанијата ќе може да ги користи овие поволности една година, а потоа доколку одлучи да ги користи истите услуги ќе продолжи со стандардната тарифа. Најверојатно тука Webstrian  ја гледа можноста за идна заработка.  Нови корисници кои ќе можат да се уверат дека и темплејт веб сајтови се доволни за информирање и контакт со корисниците.

Аплицирањето за бесплатен вебсајт и хостинг трае до крајот на годината, а потоа сите пријавени корисници кои ги исполнуваат условите ќе добијат понатамошни инструкции за креирање на свој сајт.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk