Во ноември минатата година, Google дозволи креирање бренд страници на друштвената мрежа Google Plus. Oвие Google+ страници се наменети за компании, производи, организации, познати личности итн., и наликуваат на фан страниците на Facebook.
Многу македонски компании на почетокот потешко се снаоѓаа во креирањето на фан страница на Facebook за нивниот бренд, производ или фирма и завршуваа со креирање на лични профили за истите, со што ги прекршуваа правилата на користење на Facebook. Меѓутоа тоа не би требало да биде случај со креирање на Google+ pages.
Ако сè уште се прашувате зошто ви е потребна Google+ страница, кога веќе имате Facebook фан страна, би сакала да ви напоменам дека Google планира и веќе започна да ги интегрира своите сервиси со друштвената мрежа Google+, вклучувајќи го и неговиот пребарувач. Ова значително би влијаело на оптимизацијата на пребарувањето, со тоа што при пребарување на одреден бренд или компанија со „+“ пред името на истата, би водело директно до Google+ страницата.
[youtube]ozxfUtgySlo[/youtube]
Следниот чекор е да изберете во која од шестте категории спаѓа вашата Google plus страница: локален бизнис или место (ресторан, хотел, продавница и сл.); производ или бренд, компанија, институција или организација; уметност, забава или спорт; и друго (кога вашата Google+ страница не спаѓа во ниедна од претходните категории). За оваа цел ја одбравме категоријата „Other“.
Веднаш под името на страницата, можете да внесeте URL од сајтот на компанијата или производот за кој се креира Google+ page. Откако ќе се согласите на „Условите на користење“, можете да кликнете на Create со што ја креирате Google+ страницата и останува уште само да внесете краток опис и лого или слика за профилот.
Google ќе ви понуди да ја споделите вашата Google+ страница со вашите кругови. Откако ќе го сторите и тоа можете да започнете со споделување на содржина исто така ќе можете да го споделувате линкот на Google+ страницата или да го внесете +1 копчето на вашиот сајт. Она што е карактеристично за Google+ pages е тоа што не можете да додавате луѓе во кругови, се додека тие први не ја додадат вашата страница во нивните кругови.
Друга карактеристика во делот со менаџирање и управување со Google+ страница е тоа што страницата има еден сопственик, а од неодамна може да има до 50 администратори, односно луѓе кои ќе можат да управуваат со содржината на страницата.
Овие подесувања можат да се извршат со избирање на опцијата Manage your pages, каде има општи опции за страницата и подесувања за нотификации од интеракцијата со други профили, како и опција за именување на менаџери на страницата, со внесување на нивната имејл адреса.
Доколку пак се одлучите дека Google+ не е за вашата таргет група, има опција да ја избришете страницата. Опцијата за тоа се наоѓа најдолу во General Settings и при нејзино кликнување се појавува прозорец со кој ви се нуди опција да ја префрлите сопственоста на страницата на некој од веќе постоечките менаџери, пред да се одлучите за бришење на страницата.