Не толку одамна, во 2017 година, Toyota ја претстави иднината на камионите кои навистина нема да загадуваат. Project Portal е иднината на транспортот, а како гориво се користат водородни ќелии.
Компанијата сега ја претстави надградбата на возилото иако според нив ова е само рафинирање на Project Portal – Alpha. Новиот камион доаѓа со малку неинвентивно име – „Beta“ и e целосна надградба на претходникот. Со едно „полнење“ сега може да се поминат 480 километри, надградба од 160 километри.
Дополнително, рафинирањето и дотерувањето овозможи целиот камион да има повеќе простор, па сега има и место за кабина за спиење.
Од Toyota велат дека за сите надградби може да се припишат на времето бидејќи имаа повеќе време да тестираат. Компанијата искористи и помина 16 000 километри во тестови.
За жал уште е рано да се прогнозира кога би можеле да ги видиме првите камиони на „улица“.







