Идинината на камионите на Toyota напредува одлично

во Вести

Не толку одамна, во 2017 година, Toyota ја претстави иднината на камионите кои навистина нема да загадуваат. Project Portal е иднината на транспортот, а како гориво се користат водородни ќелии.

Компанијата сега ја претстави надградбата на возилото иако според нив ова е само рафинирање на Project Portal – Alpha. Новиот камион доаѓа со малку неинвентивно име – „Beta“ и e целосна надградба на претходникот. Со едно „полнење“ сега може да се поминат 480 километри, надградба од 160 километри.

Дополнително, рафинирањето и дотерувањето овозможи целиот камион да има повеќе простор, па сега има и место за кабина за спиење.

Од Toyota велат дека за сите надградби може да се припишат на времето бидејќи имаа повеќе време да тестираат. Компанијата искористи и помина 16 000 километри во тестови.

За жал уште е рано да се прогнозира кога би можеле да ги видиме првите камиони на „улица“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk