0 коментари 2 мин. читање 24 септември, 2012

Apple вработува поранешни Google Maps експерти за да си ги поправи мапите

По фиаското со своите нови Maps за iOS 6, Аpple започна агресивно да бара и вработува поранешни експерти кои работеле на Google Maps, пишува TechCrunch повикувајќи се на свои извори. Според ИТ блогот, многу луѓе кои работат на Google Maps сакаат да ја прифатат понудата на Apple бидејќи сакаат да изградат нов продукт, наместо да работат постојано на досадни надоградби на скоро завршена платформа.

Мапите на Apple беа претставени со iOS 6 и новиот iPhone 5. Наместо да оди со Google Maps како до сега, Apple реши да ја прекине соработката и да стартува свој продукт на кој работеле веќе неколку години. Но, резултатите од тој продукт се ужасни. Градовите се изместени, фалат информации, 3Д мапите се искривени и има куп други промашувања, што го прави тој нивен продукт бескорисен.

Идејата на Apple беше (и се уште е) со крауд-сорсинг да ги подобри мапите, односно колку повеќе луѓе ги користат толку тие ќе бидат подобри. Но, бидејќи мапите се многу лоши, Apple се реши да регрутира експерти кои ќе помогнат да се направи солиден продукт.

Според изворот на ТechCrunch кој работел во интегрирање на StreetView во Google Maps, Аpple има талент и ресурси за да креира за брзо време платформа која ќе и конкурира на таа на Google.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top