0 коментари 1 мин. читање 14 март, 2014

И Amazon има свој гејминг контролер

Ако може да им се верува на сликите кои ги објави Zatz Not Funny, наводно преземени од бразилската агенција за одобрување на продукти, Amazon има направено свој гејминг контролер за кој сè уште не се знае за што ќе биде искористен – за конзола или за ТВ сет. Контролерот покрај стандардните копџиња и палка за играње видеоигри, има и неколку опции за премотување на видео.

Контролерот најверојатно ќе оди со гејминг конзола на Amazon, која, според дизајнот на копчињата, ќе работи на Android. Eдно од копчињата го има логото на Amazon Game Circle, сервисот за видеоигри преку кој може да се зачувуваат резултатите и достигнувањата во игрите. Другите шпекулации се исти како со контролерот од Google, односно се шушка дека Amazon планира ТВ сервис преку кој нема само да стрима содржина, туку ќе и понуди видеигри.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top