1 коментар 1 мин. читање

Руските власти цензурираа сајтови кои го критикуваат Путин

Сајтовите Grani.ru, Kasparov.ru и EJ.ru се блокирани во Русија по наредба на јавниот обвинител со изговор дека „учествувале во нелегални активности кои го нарушувале поставениот поредок“. Блогот на лидерот на опозицијата Алексеј Навални е исто така блокиран, известуваат Reporters Without Borders.

Блокирањето на сајтовите доаѓа поради тензиите околу Украина, но и откако е поставен нов про-владин уредник на популарниот и до-сега-независен онлајн медиум Lenta.ru, чии 39 до 84 новинари си дале отказ по промената на уредничката политика, известува New York Times. Aмериканскиот весник додава дека „Рускиот интернет останува главно слободен“, но закон кој стапи на сила на 1-ви фебруари им дозволува на властите да блокираат сајтови чија содржина е означена како „екстремистичка“ и која повикува на неовластени јавни собири.

Во меѓувреме, руската RIA Novosti известува дека хакери во неколку наврати ги срушиле руските владини сајтови, вклучувајќи го сајтот на рускиот претседател, централна банка и Министерството за надворешни работи. Според руските власти, нападите биле моќни DDoS напади, но се преземени мерки за нормално функционирање.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top