0 коментари 1 мин. читање

Марк Зукерберг џабе му се жали на Обама околу шпионирањето на корисниците

Oсновачoт на Facebook, Марк Закерберг, откри дека го повикал американскиот претседател Барак Обама за да ја искаже својата фрустрација околу шпионирање на корисниците кои го прави Американската агенција за национална безбедност. Во постот 29-годишниот Закерберг го изнесува својот револт против обидите на властите да го злоупотребат Интернетот, кој наместо да биде безбедност место за поврзување на корисниците, го претвараат во место на кое треба да се гледа со сомнеж. Властите, вели тој, мора да бидат потранспарентни околу работите што ги прават, за да не ги остават луѓето да веруваат во најлошото.

„Кога нашите инженери макотрпно работат да ја подобрат безбедноста, ние веруваме дека работиме да ве заштитиме од криминалците, не од нашата сопствена влада“.

За жал, и покрај лобирањето, г. Закерберг ќе остане „збунет и фрустриран околу постојаните извештаи за однесувањето на владата на САД“ бидејќи сфатил дека ќе треба долго време да се реформираат разузнавачките служби и начинот како ги собираат корисничките податоци.

„Останува на нас – на сите нас – да го изградиме интернетот што го сакаме. Заедно, ќе изградиме простор кој е поголем и поважен дел од светот отколку тоа што го имаме денес, но и кој ќе биде побезбеден. Посветен сум на оваа идеја, и може да очекувате Facebook да го сработи својот дел“, вели Марк Закерберг во својот пост објавен преку Facebook Paper.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top