HTC го претстави 8X, својот прв Windows Phone 8 телефон

во Мобилни, Хардвер

Тајванскиот HTC го претстави најновиот свој телефон кој ќе работи на Windows Phone 8 телефон. Уредот, едноставно крстен 8X, работи на импресивен 1,5 GHz Snapdragon S4 процесор со две јадра и има 4,3 инчен екран со 1280 x 720 резолуција. Има 1 GB RAM, 16 GB, поддршка за LTE (4G) мрежа, камера од 8 мегапиксели, и предна со 2 мегапиксели, поддршка за снимање видео со висока 1080p резолуција, NFC технологија и Beats Audio.

Ако се спореди со друг Windows Phone 8 телефон, пример новиот Nokia Lumia 920, HTC 8X има скоро исти карактеристики, иако и малку помал екран од 4,5-инчниот на Lumia. И двата телефони се супер. Но, споредено со Android и iOS платформите, предноста на овие две се популарноста и бројот на апликации бидејќи софтверот e тој кој го продава хардверот.

Сепак HTC 8X е доста интересен телефон, а Windows Phone 8 е нова платформа со огромен потенцијал, посебно што Microsoft ќе обезбеди синхронизација и поддршка со новиот Windows 8 кој за брзо време ќе го освои пазарот. Гледано од тој аспект, можеби HTC 8X и не е толку лоша инвестиција, а изгледа и доста убаво.

Покрај 8X, HTC го претстави и поефтина и послаба варијаната на Windows Phone 8 телефон. HTC 8S има процесор од 1GHz, 512MB RAM и само 4GB простор, но има поддршка за microSD картичка. Нема предна камера, а задната е од 5 мегапиксели со 720p видео. Според ТеchCrunch, HTC 8S нема доволно добар хардвер дури и за Windows Phone 8 платформата, и е уред „кој никој нема да сака да го купи“.

[youtube]QB-67VQb0rA[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] 8S është pajisja e dytë Windows Phone 8 e përpunuar nga HTC dhe u prezantua diku nga fundi i nëntorit, vitin e kaluar. Dizajni i 8S është i ngjajshëm me paraardhësin e tij, të parin WP8 nga HTC […]

trackback

[…] 8S është pajisja e dytë Windows Phone 8 e përpunuar nga HTC dhe u prezantua diku nga fundi i nëntorit, vitin e kaluar. Dizajni i 8S është i ngjajshëm me paraardhësin e tij, të parin WP8 nga HTC […]