BlackBerry Italia објави фотографии од најновиот BlackBerry телефон, со работни име London, кој би требало да ја поврати репутацијата на Research in Motion како конкурентна компанија која може да произведе телефон кој ќе е хит меѓу бизнис корисниците. Објавени се само слики како изгледа телефонот, но нема детали за хардверските перформанси. Има NFC технологија за пренесување на податоци од кратка одалеченост, пример се користи за мобилно плаќање. Изгледот е како и сите други паметни телефони, иако неговиот успех ќе зависи од функционалностите и искуството што ќе го понуди.
Од другите слики се гледа дека има две нови апликации: FocalPoint и Story Maker. Нема детали за што се тие апликации иако The Next Web претпоставува дека втората е ребрендирана апликација за едитирање на видео, претходно позната како JayCut која RIM ја купи во 2011-та.