Хрватскиот стартап Daytona со рекордна инвестиција од 2 милиони долари во pre-seed рунда

Иако официјално постои едвај нешто подолго од два месеци хрватскиот стартап Daytona објави дека веќе успеале да привлечат инвестиции од 2 милиони долари. Во оваа pre-seed рунда најголем дел од инвестицијата доаѓа од ангели инвеститори и dev-tool компании.

Daytona веќе сега може да се пофали дека има импресивни инвеститори. Дел од нив се Абхинав Астана, основач на Postman; Черити Мејџорс, ко-основачка на Honeycomb; Кристијан Бах, основач на Netlify и Прашант Чандрасекар, директор на StackOverflow.

Она што може да го охрабри хрватскио стартап екосистем е дека еден дел од инвестициите доаѓаат и од локалната инвестициска сцена. Во Daytona инвестираа и дел од хрватските ангели-инвеститори. Дел од нив се Дамир Самбол, кој е основач на Photomath и ко-основачот на Infinum, Томислав Цар.

„Оваа инвестиција ни помага да ја оствариме нашата мисија да станеме стандард во индустријата за управување со девелоперска околина, започнувајќи од големи компании, односно enterprise сектор. Големата поддршка од поединци и институции со длабоки корења во индустријата за девелоперски алатки не е единствено потврда, туку и голем заеднички исчекор кон трансформација на девелоперските опкружувања“, вели Иван Буразин, ко-основач на Deytona.

Најголем дел од инвестициите, дури две третини доаѓаат од ангели инвеститори. Последната третина доаѓа од инвестициски фондови како Silicon Gardens, 500 Emerging Europe и Firestreak Ventures.

Со инвестицијата од 2 милиони долари, стартапот успеа двојно да ги надмине своите очекувања. Во Daytona се надевале на почетна инвестиција од 1 милион долари. Сепак средствата започнале да се собираат, па на крај биле принудени да сопрат со собирање на инвестициите.

Главна причина за интересот за инвестирањето се очекувањата дека во почетокот на 2024 година Deytona ќе ги удвои своите приходи.

Оваа инвестиција ќе се искористи за забрзување на развојот, но и проширување на постоечкиот кадар. Дел од средствата ќе се искористат за освојување на нови пазари, главно големи компании за кои постоење на самостојна девелоперска околина е приоритет.

Накратко за Daytona

Daytona е хрватска стартап компанија која работи на развој на алатка која на софтверските инженери може да им заштеди време кое е потребно за подготовка на сите алатки за развој потребни за работа во нова околина. Вообичаено ова е нешто што големите компании го развиваат самостојно за своите потреби. Алатката на Daytona сега ќе им овозможи на компаниите да имаат целосна контрола врз развојната околина без разлика дали е на локација или во облакот.

Илустрација: Daytona

Идејата за развој на алатката доаѓа од нивната потреба и потребата на корисниците кои го користеа Codeanywhere. Codeanywhere е платформа за програмирање во облак развиена од Иван Буразин и Ведран Јукиќ. Платформата во 2013 година доби титула за најдобар проект на TechCrunch Startup Alley. Новиот производ е своевидно продолжение на она што го работеа на Codeanywhere.

Развојот на овој производ е поттикнат од самиот пазар. Имено, клиентите побараа од нас (Codeanywhere) да развиеме сопствени решенија за нив, а покрај тоа имаа толку многу барања што решивме сериозно да се позабавиме со идејата. Овој пат направивме детално истражување на пазарот пред да напишеме една линија код – и досега се чини дека сме на вистинскиот пат.

“Да го креираме Codeanywhere, поточно код едитор во прелистувач, моравме да уредиме инфраструктура на која ќе се користи код едиторот. Токму оваа инфраструктура е темел на приказната за Daytona.”

Она што Daytona го овозможува на своите клиенти е значително побрз процес за креирање на работна средина. Наместо часови или денови, целиот процес е скратен на неколку секунди и околината е подготвена за работа.

Потенцијални клиенти на компанијата доаѓаат од различни сектори. За разлика од Codeanywhere кој е наменет за поединци, Daytona е наменета за деловни корисници и поголеми компании.

Алатката е компатибилна за работа со која било средина (IDE) и верзирање на код. Дополнително алатката се интегрира со постоечката инфраструктура во компанијата со фокус на безбедноста.

Првите клиенти на Daytona доаѓаат од банкарскиот сектор, осигурувањето и воената индустрија, пренесе Netokracija.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments