4 коментари 1 мин. читање

Хрватскиот Freelance.hr ќе се обиде да ги поврзе фриленсерите од регионот

Freelance.hr е биде нова платформа за фриленсерите и потенцијалните клиенти, која ќе стартува од март оваа година. Проектот ќе работи на начините како што работат светските познати фриленс сајтови, а конечната цел е да ги собере на едно место програмерите, дизајнерите и останатите слободни работници од регионот.

Категориите кои ќе ги нуди Freelance.hr се Online & IT: Веб дизајн, развој на апликации, SEO; Дизајн и мултимедија: фотографија, аудио продукција;  Пишување и преведување: новинарство, лекторирање; Работни сервиси: човечки ресурси, книговодство; Маркетинг и продажба: PR и слично; Административна поддршка: одржавање на уреди, дигитализација, обработка на текстови; Инженерски услуги и производство: градежниство, архитектура.

Еден од ко-основачите на проектот е Андреј Штиленко, кој за Нетокрација вели дека „целта на проектот е да им овозможи на компаниите од Хрватска да стапат во контакт со најдобрите стручњаци под најдобри услови“. Сепак, бидејќи за овој сервис се заинтересираа голем број на регионални партнери на CoWorking, кои се соработници на овој проект, според г. Штиленко прашање на време е кога проектот ќе се прошири низ целиот регион.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top