0 коментари 2 мин. читање 20 февруари, 2013

Anonymous помогнале да се откријат кинеските хакери кои ги напаѓаат САД

Хактивистите Anonymous со своите хакерски напади им помогнале на Mandiant во нивната потрага по сајбер напаѓачите кои ги напаѓаат САД, известува Huffington Post. Во 2011 година како дел од активностите на Anonymous насочени против HBGary, групата  ги објави профилите на корисниците на rootkit.com преку Twitter профилот на  директорот на HBGary.

Иако нападот е од пред две години, имејл и IP адресите кои се објавени тогаш го лоцирааат корисникот „uglygorilla“ во 12-катница во Шангај, за која Mandiant смета дека е седиште на „Единицата 61398“- сајбер оддел на Кинеската армија.

Извештајот на Mandiant сместува уште еден хакер во близина на седиштето на сајбер оделот на Народно ослободителната армија, а чии локација се објавени при нападите врз rootkit.com. Корисникот „Superhard“ е дел од помала група која изработува малициозен софтвер за кинеската армија, а податоците покажуваат дека и тој се приклучувал на интернет од локација блиска до злогласниот објект.

Иако првично нападот на Anonymous помина без преголема покриеност од медиумите, две години подоцна нападот може да се покаже како клучен дел за разоткривањето на сајбер напаѓачите, пред се како клучен доказ кој ги поврзува нападите со Кина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top