Хрватскиот Farmeron собра уште 2,65 милиони долари инвестиција

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Farmeron, хрватската платформа за менаџмент на фарми, доби нова 2,65 милиони долари инвестиција од стручни агро инвеститори, известува Netokracija. Farmeron е познат како „Google Analytics за фарми“ бидејќи собира разни метрики за фармите, од оброци за животните до приходи од продукциите. Претходно во компанијата беа инвестирани 1,4 милиони долари од инвеститори од Силициумската долина, чии пари беа употребени да се вработат повеќе луѓе во канцелариите во Осиек, Хрватска, и да се отвори преставништво во Охајо, САД, каде се и клучните клиенти.

Компанијата стартуваше во 2011-та година на Mini-Seedcamp во Љубљана, па откако беше примена во европскиот акселератор, подоцна влезе и во американскиот 500 Startups со што го привлече вниманието на инвеститорите. Денес имаат 28 вработени, од кои петмина се во САД, а сервисот се користи од над 450 фарми во 14 земји. Компанијата генерира приход од неколку десетици илјади долари месечно, а дополнителните инвестиции ќе им помогнат да го зголемат приливот на пари и да дојдат до поголеми пазари. Според основачот Матија Копиќ, инвеститорите се задоволни од компанијата бидејќи го подобриле својот пристап кон продажбите, со цел да ги таргетираат средните и големи производители.

„Инвеститорите, претпоставувам, се задоволни бидејќи успеавме да постигнеме одредени важни компаниски цели: изострување на продажниот фокус, решавање на проблеми со onboard корисници (кои и понатаму се значајни бидејќи вложуваме доста труд и време во тренинг и активација). Секако, десетина илјади долари кои ги заработуваме се од помош. Они гледаат дека сме предадени кон нашата визија и дека работиме напорно за да ги решиме сите проблеми на кои наидеме“, вели г. Копиќ за Netokracija.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Singular

Team Lead

види ги сите огласи на kariera.it.mk