ProtonMail e безбеден имејл клиент до кој не може да дојде ниту NSA

Според основачите, ProtonMail е најбезбедниот сервис за електронска пошта и единствениот до кој NSA нема пристап. Сервисот нуди end-to-end криптирање што не е новост, но најголем дел од сервисите кои го користат се премногу сложени за користење. Proton Mail ја криптира пораката во прелистувачот, уште пред да стигне до серверите што значи дека пораката е веќе криптирана кога пристига на серверот. Бидејќи компанијата го нема клучот за криптирање дури и некој да побара пристап до поштата на некој корисник се што може да им понудат е пристап до криптираните податоци. Освен ова сервисот не ги помни мета-податоците како IP-адресата која е користена за пристап до профилот. Идејата за сервисот се роди во кафетеријата на CERN каде физичарите и инженерите честопати ги споделуваат своите идеи.

„Нашиот тим се сретна во CERN на првите Proton Mail хакатони кои се одржуваа во CERN Restaurant One. Немаше да бидеме каде што сме денес без помош од над 300 студенти и вработени во CERN кои ја тестираа нашата услуга, но помагаа и со совети и со фидбек, пред се членовите на CERN тимот за комјутерска безбедност“, вели Енди Јен.

Креаторите најавуваат дека сервисот ќе биде бесплатен, а единствено ќе се наплаќа за поголем простор, со тоа што за 5 долари месечно корисникот ќе има дополнителни 1 GB.

„Веруваме дека правото на приватност е основно човеково птаво и треба да им биде достапно на сите. Затоа нудиме модел за претплата во неколку нивоа кои вклучуваат и бесплатна верзија која им е достапна на сите. Да ја вратиме приватноста на луѓето“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments