Иако Tesla го доминира глобалниот пазар на електрични автомобили, сепак нивната популарност помага и на помалите играчи да се впуштат во еволуирање на автомобилизмот. Меѓу нив е и хрватскиот Rimac кој работи на свој електричен автомобил, но за разлика од другите кои се обидуваат да направат автомобили за масовно производство, Rimac се обидува да направи ексклузивен производ кој чини неверојатни 850.000 евра!
Автомобилот Concept One, преставен како прототип во 2011-та година, не само што изгледа фантастично, туку може да се натпреварува со елитата и по перформансите. Со максимална брзина од 325 km/h, растојание помеѓу полнењето од 330 km/h, забрзување до 100km за 2.8s, 1088 коњски сини и момент од 1600Nm, Concept One е еден од најмоќните електрични автомобили. Но, иако Rimac го има најмоќниот електричен автомобил, сепак целта им е да ја продаваат технологија и на други компании кои сакаат да креираат електрични автомобили, објаснува Моника Микац од Rimac за Bloomberg.







