Ова е детална и нелегална мапа на Интернетот

во Веб

Анонимни истражувачи ја креираа најдеталната, а со тоа и најимпресивната мапа на Интернет досега, јави Motherboard. Според докумените кои ги споделија истражувачите за потребите на креирањето на оваа мапа морале да хакираат 420.000 ботнет нодови, што за жал го прави мапирањето илегално.

Методот кој го користеа им покажува каде, кога и што разгледуваат корисниците. Резултатите се единствено за IPv4 адреси и Linux компјутери, но покажуваат како отприлика изгледа интернет. Со додавање на IPv6 адресите и останатите компјутери, мапата најверојатно нема премногу да се промени иако легендата ќе биде за различен (поголем) број на врски.

„Ова е овозможено бидејќи истражуачот има мрежа од речиси половина милион компјутери, па може да пингне било кој и да ги мапира патеките, со што и се креира мапата“, вели Motherboard. Кодот со кој се управува уредите е креиран за минимална интрузија во системите, а и со заштита која би спречила преголемо користење на ресурсите со што би претставувал проблем за корисникот. Дополнително софтверот доаѓа со „read me“ кое ги објаснува намерите на истражувачот, и имејл адреса за контакт.

За жал мапирањето покажува и колку небезбедни уреди има на интернет. „Ова е одлично истражување кое уште еднаш го потврдува фактот дека има доволно небезбедни линкови кои се спремни за злоупотреба, дури и во индустриските системи“, вели Марк Бовер од Rapid7 за Register. Најголем дел од инфицираните уреди се домашни рутери, „set-top box“ од непознати производители, но на листата има и Cisco и Juniper хардвер и x86 опрема со крипт-акцелераторски картички, индустриски системи за контрола и физички системи за заштита.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk