0 коментари 2 мин. читање

Новиот iPad ќе има огромен екран од 12,9 инчи

Apple би можел да објави неколку нови верзии на iPad на презентацијата закажана денес. Нова верзија на iPad mini и iPad Pro ќе бидат презентирани, велат неколку извори за 9to5mac. Новата верзија iPad Pro треба да биде замена за хибрид таблет компјутер кој за сега го нема во продуктите на Apple, но според спецификациите и можностите најверојатно ќе биде токму хибрид, иако не вистински класичен уред, со оглед на тоа дека нема тастатура и дополнителен дел кој би ја зголемил финкционалноста.

Таблетот ќе доаѓа со 64GB или 128GB слободен простор, 12,9 инчен дисплеј и А9Х процесор што е доволно да овозможи перзентирање на две апликации и истовремена работа паралелно на екранот. Компанијата има креирано две тастатури за таблетот, но ќе се продаваат одвоено, ова е истата пракса која ја има Microsoft со дел од Surface серијата, за жал на корисниците на овоја таблет не им се допадна, а нема причина да веруваме дека корисниците на iPad Pro ќе бидат воодушевени од засебна продажба на тастатурата. Дополнително таблетот ќе може да користи и force touch пенкало.

Според шпекулациите, цената на уредот ќе биде околу 1.000 долари и покрај конкурентноста со Surface и дел од останатите производители, iPad Pro ќе конкурира и на дел од сопствените производи, пред се помалите лапотопи. Со оглед на тоа дека презентацијата е денес, нема да мора да чекаме премногу да дознаеме колку од овие шпекулации се вистини, а колку колку ќе се покажата како неточни.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top