0 коментари 1 мин. читање

Њујорчани гледаат HD порното на јавните супер-брзи WiFi киосци

Кога градските власти во Њујорк ги инсталираа киосците за супер-брз интернет, сигурно не предвидоа дека граѓаните на јавно место ќе го користат интернет за гледање HD порно. Иако најголем дел од граѓаните ги користат 300 MB/s за преземање поинакви податоци, како локални мапи или локации на ресторани, некој од корисниците си најдоа други помалку прикладни содржини, јави New York Post.

Иако градот ги блокираше содржините на киосците, сепак корисниците пронаоѓаат решенија околу блокирањето. Медиумите јавуваат дека најчесто порнографија на киосците гледаат бездомници и деца, вели Next Web. „Се шетав по Парк авенија и забележав двајца бездомници како гледаат порно на новите WiFi екрани. Стоеа и мастурбираа околу киоскот. Откако се изнасмеав, се замислив бидејќи содржината е достапна и премногу лесно, но се загрижив и за безбедноста на другите и за чистотата на тротоарите“, вели очевидец.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top