iMenu е стартап од Риека кој сака да го замени класичното мени со таблет компјутер. Идејата им се допадна и на властите во Хрватска, па Министерството за туризам го награди проектот со 30.000 куни, јавува Netokracija.
Апликацијата ќе овозможи секое јадење не само да биде претставено со фотографија, туку и со кусо видео. Покрај ова апликацијата ќе има и огласи, а интересна опција ќе биде и забавната зона и локалните информации. Голема предност на апликацијата ќе биде можноста за мени на 12 јазици, а најавена и автоматска конверзија на цените помеѓу различни валути.
„Малите пластифицирани и неугледни менија, со лош дизајн и најчесто без слики се денес присутни во сите просечни ресторани. Незнаење на странски јазик или неволност и немотивиран персонал, предолго чекање за храна или носење на погрешна храна, сите овие проблеми се решаваат си електронското мени. Можност за човечка грешка е сведена на минумум.“, вели Бошко Кнежевиќ, директор на стартапот.
Нарачувањето на храна со допир на таблет, наместо довикувањето и мавтањето по келнерите е добредојдена новина, видеата и фотографиите во храната се одличен додадок, а интересно изгледа и можноста за промоција на локалните бизниси со огласите. Бенефит од ваква апликација би имале и угостителските објекти во Македонија, кои би можеле да ги искористат предностите од дигиталното мени.
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.