12 коментари 1 мин. читање

Homepage.mk сака го замени Google како почетна страна за македонските корисници

Homepage.mk е нов македонски директориум на сајтови чија цел е да биде почетна страна преку која со еден клик се стига до сите популарни светски и локални сајтови. На сајтот имате линкови до Facebook, Yahoo, Hotmail, IT.com.mk, Дневник, Факултети, Google Maps и куп други популарни и корисни веб сајтови, а додадени се и категории како спорт, филмови и форуми.

Во суштина, страната е интересна и корисна ако ги посетувате тие популарни сајтови постојано, но доколку имате други омилени сајтови кои не се на листата, тогаш нема да ви користи. Можеби Homepage.mk треба да добие опција за персонализирање на таа страна со додавање на линкови. Целта на страната е секако амбициозна, бидејќи сака да го замени Google како почетна страна кај македонските корисници.

„Предноста на HomePage.mk е во тоа што со поставувањето за почетна страница корисникот и понатамо ќе го има Google за неговите пребарувања со таа разлика што ќе има и можност со еден клик да стигне до најпопуларните светски страници како Facebook или YouTube и до најпопуларните македонски сраници меѓу кои нормално е и IT.com.mk.“, вели Homepage.mk.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

12 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top